СБ на ОН: Закана за светскиот мир од регионот, ЕУФОР останува во БиХ

Воената мисија на Европската Унија ЕУФОР Алтеа останува во БиХ со целосен воен извршен мандат, бидејќи ситуацијата во регионот продолжува да претставува закана за меѓународниот мир, се наведува во Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.
Мандатот на ЕУФОР е продолжен за уште 12 месеци, а постои неизвесност дали ЕУ ќе се согласи на мандат со воената мисија со извршни овластувања, што ќе значи дека меѓународната заедница и понатаму зајакнато останува присутна во БиХ, или ќе побара ЕУФОР да се претвори во „мисијата за обука".
Медиумите наведуваат дека со усвоениот текст одобрена е целосна воена мисија на присуството на ЕУФОР и НАТО.
- Резолуцијата ги овластува земјите членки (ОН) да ги преземат сите мерки на барање на ЕУФОР или Генералниот штаб на НАТО и да помогнат во исполнување на нивната мисија. Резолуцијата признава правото на ЕУФОР и на присуството на НАТО да ги преземе сите неопходни мерки, со цел да се одбранат од напади или закани за напад, се вели во резолуцијата.
Резолуцијата ја поддржаа 15 членови на Советот за безбедност.
Во резолуцијата се наведува дека на сите земји членки на ОН им се дава овластување, во согласност со анексите од Дејтонскиот мировен договор, да обезбедат спроведување на договорот со еднаков третман на сите страни, а за што е одговорна мисијата на ЕУФОР и НАТО присуството.
Медиумите информираат дека иако се проценува дека регионот и понатаму останува закана за меѓународниот мир, во Резулуцијата е констатирано дека безбедноста на БиХ е стабилна и дека домашните власти се покажале способни за справување со безбедносните закани.
Освен повик за решавање на проблемите во врска со изборното законодавство, во резолуцијата се укажува и на тоа дека уставните измени во БиХ мора да се вршат во согласност со уставната постапка.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
