Саудискиот крал нареди зголемување плати, пензии, стипендии

Саудискиот крал Салман објави исплаќање по 1.000 риали (267 долари) месечно за државните службеници во новата година како компензација за поскапувањето на животот откако Владата ги зголеми цените на бензинот и воведе ДДВ од пет отсто.
Со кралскиот указ тој наредува и исплаќање по 5.000 риали за војниците кои се на фронтови линии со Јемен.
Во Саудиска Арабија речиси двојно се зголеми цената на бензинот и се воведе ДДВ од пет осто за голем број стоки и услуги.
Според указот, „новите мерки се компензација со признавање за зголемено бреме во некои сегменти од животот на населението како резултат од неопходни мерки преземени од владата за преструктуирање на економијата“.
Кралот наредил државата да преземе обврска за ДДВ во некои ситуации како – специјални здравствени и образовни услуги, и при прво купување дом до 226.000 долари. Стипендиите и пензиите како и социјалната помош исто така се зголемуваат.
Ново на Сител
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
-

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО
