Саудиски принц купи јахта на руски олигарх и веднаш го исфрли од неа

Саудиски принц купил јахта на руски олигарх за 400 милиони долари и во истиот момент го исфрлил од неа.
Името на саудискиот принц не е официјално објавено, но Дејли Мејл пишува дека станува збор за принцот Мохмед бин Салман. Бин Салман се одмарал во Франција кога му се допаднала луксузната јахта Серена, долга околу 134 метри.
На Русинот Јуриј Шефлер на самото место му понудил 400 милиони долари за неа и веднаш по купувањето го натера да ја напушти. Шефлер претходно ја купил за 300 милиони долари.
Оваа јахта едно време беше меѓу најголемите во светот, а пред две години во неа се одмараше Бил Гејтс со семејството.
Јахтата има 15 спални соби, ноќен клуб, кино, ѕид за качување, базен, библиотека, спа, фитнес, џакузи и просторија каде патниците можат да го набљудуваат подводниот свет. На јахтата може да слета и хеликоптер, а со неа доаѓа и посебен хангар за леталото, како и хангар за подморница.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
