Саудиска Арабија формираше воен сојуз за заштита на Црвено Море

Саудиска Арабија вчера соопшти дека формирала воен сојуз од 14 држави за заштита на поморскиот сообраќај во Црвено Море и теснината Баб ал-Мандаб.
Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека претставници од 43 земји и од ЕУ присуствувале на меѓународен состанок за формирање коалиција, со Саудиска Арабија како основачка и водечка земја. Кралството, исто така, сака седиштето на коалицијата да биде во Ријад.
Декларацијата ја поддржаа 14 земји, вклучувајќи ги Турција, Јордан, Пакистан, Египет, Судан, Џибути, Кувајт, Катар и Бахреин. Оман и Обединети Арапски Емирати, арапските држави од Персиски Залив, не се приклучија кон коалицијата.
Одлуката е донесена по најновите напади на јеменските бунтовници Хутите, поддржани од Иран, врз саудиски бродови.
Како што се наведува во соопштението на саудиското МО, целта на коалицијата е заштита на слободата на пловидба, меѓународните трговски патишта и глобалните енергетски резерви преку заеднички воени операции, планирање и вежби и размена на разузнавачки информации.
Предвидено е алијансата ќе има исклучиво одбранбена природа и не е насочена против која било земја, меѓународна организација или друг сојуз.
Хутите на 20 јули воведоа поморска блокада врз Саудиска Арабија во Црвено Море и оттогаш преземаат одговорност за серија напади врз бродови поврзани со Саудиска Арабија. Ријад одговори со воздушни напади врз воени објекти на Хутите во јеменскиот град Ходеида.
Теснината Баб ел-Мандеб, кој го поврзува јужниот дел од Црвено Море со Аденски Залив и Индиски Океан, е клучен морски пат за глобална трговија и снабдување со енергија.
ЕУ почна поморска мисија во Црвено Море во 2024 година за да помогне во враќањето и заштитата на слободата на пловидба откако Хутите го прекинаа поморскиот сообраќај напаѓајќи бродови во знак на солидарност со Палестинците за време на војната во Појасот Газа. Поради заштита на пловидбата беа формирани европската поморска мисија „Аспидес“ и американската операција „Просперитетен чувар“.
МИА
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
