Саркози: Владата е виновна за терористичкиот напад во Ница

Поранешниот француски претседател Никола Саркози остро ја критикуваше Владата на Франција по последниот терористички напад во Ница, обвинувајќи ги властите дека „не прават доволно за да се обезбеди сигурност за луѓето“.
Според француската телевизија Франс 24, Саркози, кои најави дека одново ќе се кандидира за претседател на Франција, се залага за протерување на сите сттанци, за кои се знае дека се поврзани со радикалниот ислам.
Саркози вели дека тој подржува поостри мерки во борбата против радикалните милитантни исламисти, како што е протерувањето од земјата, но и ставње електронски нараквици за оние кои се осомничени за радикализам.
Изјавата на Саркози со осуда за Владата и нејзниното „неснаоѓање во борбата со тероризмот“ не е осамена, затоа што најголемиот број од опозициските партии вината за инцидентите ја префрлаат на властите.
Нападот во Ница на 14 јули, во кој беа убиени повеќе од 80 лица, додека други 85 се повредени и се во болница, од кои 18 се уште се во критична состојба, е третиот терористички напад во Франција во изминатите 18 месеци.
Напаѓачот Мохамед Булел, Тунижанец, кој постојано живеел во Франција, е убиен, но полицијата тврди дека нема докази оти тој бил џихадист.
Неговите соседи го опишуваат како „осмаен насилник“, кој сака да крева тегови и ја обижува саласа музиката„ но милитантната група Исламска држава (ИД) тврди дека Булел бил еден од нивните „војници“.
Француската телевизија Франс 24 јаво дека шест лица се уапсени во врска со терористичкиот напад во Ница. Последните двајца се една албанска брачна двојка, чиј идентитет не се открива, освен што се вели дека тие се обвинети затоа што обебедие оружје за нападот.
Француската влада ги отфрли обвинувањата на Саркози и на опозицијата, објаснувајќи ги како пример за „трампизација“ на фаанцуската политика.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
