Сарафско маало во село Саса доби објект за потребите на месната заедница

Градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова денеска во Сарафско маало, село Саса, присуствуваше на официјалното предавање во употреба на првиот од шесте објекти, кои општината ги изгради за потребите на месните заедници.

На настанот организиран по повод големиот христијански празник – Петровден, покрај големиот број посетители од локалното население, присуствуваа директори на институции и претставници од локалната самоуправа во општина Македонска Каменица.

Во обраќањето пред присутните, Стаменкова најпрво им ја честита славата по повод денешниот христијанскиот празник Петровден, по што изрази задоволство што жителите на оваа селска средина конечно ќе добијат објект изграден токму според нивните потреби и барања.
Оваа година, за потребите на месните заедници се изградени повеќе објекти и тоа во селата Тодоровци, Косевица, Дулица, Стара Каменица и во село Саса.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
