Санирани свлечиштата во село Присојница, Маврово-Ростуше

Со средства на УСАИД и Општина Маврово-Ростуше завршена е санацијата на свлечишта во селото Присојница. Изградени се потпорни ѕидови за превенција и заштита од лизгање на земјиштето во ова село.
Оваа мерка, како што информира УСАИД, ќе и помогне на заедницата во Маврово-Ростуше да ги намали растечките притисоци врз земјишните ресурси како директна последица од климатските промени. Санацијата на свлечиштата е реализирана во рамки Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.
-Овде во селото Присојница, како резултат на вашата работа со подршка од УСАИД, ја зголемивте отпорноста на вашата заедница во поглед на климатските промени и значително го намаливте ризикот од потенцијални катастрофи од лизгање на земјиштето, како резултат на ектремни временски појави. Покрај тоа, преку вашето активно учество во овој проект, станавте поинформирани за климатските промени и подобро подготвени да работите заедно на прашања од заеднички интерес, изјави програмскиот директор на Мисијата на УСАИД Џенифер Коноли.
За пилот проектот УСАИД придонесе 4.373.123 денари , а Општината придонесе со 1.006.070 денари. Поттикнувајќи локална отпорност кон климатски промени, проектот го зајакна граѓанското општество со поттикнување на граѓански активизам и посветеност на луѓето на зедничка работа за прашања од заеднички интерес.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
