Самит за Западен Балкан во октомври за време на словенечкото претседателство со ЕУ
За време на словенечкото претседателство со Европската унија, во втората половина на годината, ќе се одржи вонреден Самит посветен на Западен Балкан, односно за проширување на Унијата со земјите од регионот, соопштија премиерите на Грција и Словенија Кирјакос Мицотакис и Јанез Јанша по нивната средба, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис рече дека уште од Самитот во Солун во 2003 година, Грција, „како најстара членка на Унијата во поширокиот регион, е протагонист во обидите за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан“.
-Сигурен сум дека претседателството на Словенија на ова динамика ќе ѝ даде уште една нова брзина и затоа многу ми е драго што е потврдено одржувањето на вонреден Самит за Западен Балкан, во октомври во Словенија, рече Мицотакис.
Словенечкиот премиер истакна Европската Унија треба да го одржи ветувањето дадено во Солун во 2003 година.
Објасни дека треба да се сторат две работи: да се задржи динамиката, иако постојат знаци на замор во целиот процеси и второ да се исполни во пракса и да се заврши процесот, истакнувајќи дека главен приорите за ЕУ треба да биде проширувањето „за да може да се создаде слободна и мирна Европа“.
-Словенија смета дека проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан е врвен приоритет за нашето претседателство. Како што кажа и господинот Мицотакис, имаме за цел да организираме вонредна конференција меѓу земјите од Западен Балкан и земјите- членки на Европската Унија. Оваа конференција ќе се одржи во Словенија во октомври и му благодарам на премиерот што ми даде некои многу убави идеи за тоа како можеме да се справиме со ова прашање, со цел да им дадеме европска перспектива на овие земји и една вистинска цел, која се надеваме дека ќе биде исполнета порано од предвидувањата дадени пред една година, рече Јанша.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња