САД воведоа нови санкции за Милорад Додик и неговите деца

Министерството за финансии на САД воведе нови санкции за претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Децата на Додик сега се на списокот на санкционирани. Во своето образложение, Министерството наведува дека санкциите се воведени против „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“ и други поединци и субјекти кои се поврзани со него.
Горица и Игор Додик, ќерката и синот на претседателот на Република Српска, од денеска се на списокот на американското Министерство за финансии. Ресторанот „Агапе“ во сопственост на Горица и Ивана Додик, компанијата „Агровоќе“ поврзана со Горица, компанијата „Фруит Еко“ поврзана со Игор Додик но и компанијата „Глобал Либерти“ поврзана со Игор и Горица.
САД воведоа санкции против Додик на 5 јануари 2022 година, како и во јули 2017 година, поради попречување на Дејтонскиот мировен договор.
Според американското Министерство, за време на последните општи избори во Босна, во октомври 2022 година, Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Додик, вклучително и Горица и Игор, се здружиле да поткупат политички функционери, членови на изборни комисии и набљудувачи на изборите во обид да победи на изборите.
„Игор Додик се занимавал со поткупување на опозициски политичари, на кои им биле понудени политички назначувања во замена за критични информации и позиции на набљудувачи на изборите на избирачките места.
„Горица Додик е вклучена во спроведување политички и деловни активности за нејзиниот татко, вклучително и сопственост на неколку ентитети кои добиваат значителна помош од владата на РС под инструкции на Додик“, објави американскиот Стејт департмент.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
