-->
-->
САД: Над 680 лица се уапсени во операции на имиграциските власти
-->

Припадници на американските имиграциски власти уапсија над 680 лица во изминатите операции. Седумдесет и пет од нив се осудувани за криминал, изјави вчера министерот за внатрешна безбедност на САД, Џон Кели.
Тој посочи дека криминалните дела извршени од илегалните имигранти варираат од убиство до возење под дејство на алкохол.
Кели истакна дека операциите се рутински и се спроведувани од американската Служба за имиграциска и царинска контрола.
Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференцијата вчера со канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека Владата „сторила одлична работа со последните апсења на имигрантите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
