САД ја отфрлија идејата на Кина за прекин на заедничките воени вежби со Јужна Кореја
САД го отфрлија предлогот на Кина за прекин на заедничките воени вежби со Јужна Кореја, доколку Северна Кореја ја замрзне својата нуклеарна и ракетна програма.
Портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер синоќа во Вашингтон истакна дека „во овој момент не постои надежен договор“. Портпаролот на Пентагон, Гари Рос, пак, нагласи дека дејствијата на САД во заштита на Јужна Кореја „не можат да се споредат со постојаните кршења од страна на Пјонгјанг на неговите обврски и договори“.
Според американскиот претставник во ОН, Ники Хејли, администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува што да преземе кон Северна Кореја, додавајќи дека „сите варијанти се ставени на маса“.
Освен од Вашингтон, идејата на Пекинг беше отфрлена и од Сеул и од Токио.
Кинескиот министер за надворешни работи Ван И вчера предложи Северна Кореја да се откаже од ракетно-нуклеарната програма во замена за прекин на заедничките американско-јужнокорејски воени вежби.
Тој ја спореди ескалацијата на тензиите на Корејскиот Полуостров со „два воза, кои се побрзо се движат еден кон друг и ниту еден не сака да се тргне од патот“.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар