Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови
Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови: Живко Грозданоски, Фросина Пармаковска, Игор Станојоски, Ана Мартиноска, Славица Гаџова Свидерска, Лира Бојку, Тихомир Јанчовски и Михајло Свидерски.
- Новите членови на ДПМ се од редот на младите генерации и се силно присутни на книжевната сцена, со препознатливи вредности и специфики, со висока книжевна наобразба и култура. Нивните дела од областа на прозата, поезијата, есеистиката, книжевната наука и преводот, се предмет на интересирање на читателската публика и критиката и се впечатлив дел од новите тенденции во македонската литература, соопшти ДПМ.
Друштвото наведува дека со приемот на новите членови ја продолжува практиката на подмладување на писателската асоцијација. Во изминатите неколку години примени се триесетина афирмирани автори, со просечна возраст од 26 години во моментот кога станале членови во ДПМ.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа