САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Американската армија соопшти дека ја завршила последната серија воздушни и ракетни напади врз Иран, извршени шеста ноќ последователно.
Според соопштението на Централната команда на САД (CENTCOM), за нападите врз ирански вцели американските сили употребиле оружје со прецизно наведување.
Меѓу погодените цели биле крајбрежни набљудувачки и противвоздушни позиции, логистичка инфраструктура и објекти на иранските поморски сили.
Нападите биле насочени и кон островот Кешм и подрачјето во близина на Бандар Абас, каде се наоѓа најголемото иранско пристаниште и важни објекти на морнарицата и Исламската револуционерна гарда.
Иранските медиуми известија дека американски напади погодиле и три моста и железничка станица во крајбрежниот град Бандар Хамир, како и аеродромот во Ираншахр, во југоисточниот дел на земјата.
Во меѓувреме, Техеран извршил ракетни и беспилотни напади врз американски воени бази во соседни држави. Иранската страна соопшти дека меѓу целите била и неодамна проширената воздушна база во Јордан, за која тврди дека била користена при американски напад врз детска онколошка болница во Иран.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно оваа недела повторно се закани дека САД би можеле да извршат напади врз ирански енергетски објекти и мостови.
Во меѓувреме, Катар соопшти дека неговите вооружени сили пресретнале ракетен напад насочен кон земјата. Претходно светските агенции јавија за експлозии во главниот град Доха.
„Министерството за одбрана соопштува дека вооружените сили пресретнаа ракетен напад насочен кон Државата Катар“, се наведува во соопштението објавено на платформата „Икс“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
