САД и Јужна Кореја напредуваат кон договор за елиминирање на царините
Јужна Кореја и САД работат на пакет договорот со кој ќе се отстранат американските и реципрочните царини пред да стапат на сила во јули, изјави јужнокорејска делегација по првата рунда трговски разговори во Вашингтон.
САД и Јужна Кореја вчера имаа „многу успешна“ средба, изјави американскиот министер за финансии, Скот Бесент, по состанокот.
- Се чини дека се движиме побрзо отколку што мислев и веќе следната недела ќе разговараме за техничките услови на договорот, изјави министерот пред новинарите.
Бесент и трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, се сретнаа со министрите за финансии и индустрија на Јужна Кореја.
Ниту едната страна не откри детали за можните области на преговорите, но Јужна Кореја изјави дека побарала исклучоци од реципрочните и американските царини за одредени производи. Таа понуди соработка во бродоградбата и енергетиката и разговараше за трговските дисбаланси.
Корејскиот министер за индустрија Ан Дук-геун изјави дека целта е договорите да се постигнат до 8 јули, денот кога истекува одложувањето на царините што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за речиси целиот свет.
Претседателот Трамп најави реципрочни царини од 25 проценти за Сеул, а Јужна Кореја е една од првите земји со кои американската влада започна трговски преговори.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна