САД го обвини Иран дека стои зад ракетниот напад врз Саудиска Арабија
Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли денеска одржа прес конференција на која го обвини Иран дека стои зад неодаменшниот ракетен напад врз Саудиска Арабија.
Хејли прес конференцијата ја одржа пред остаток од проектилот што јеменска шиитска вооружена група го истрела кон аеродромот во саудискиот главен град Ријад, и рече дека вмешаноста на Иран во инцидентот е несомнена.
- Имаме несоборливи докази дека Иран намерно ги крши своите меѓународни обврски и дека се обиде, но не успеа, да ја прикрие својата вмешаност. Оваа ракета била направена во Иран, испорачана на Хути герилците, кои ја истрелаа врз цивилен аеродром каде можеше да убие стотици недолжни цивили, изјави Хејли.
Иран и Саудиска Арабија се вклучени во низа воени конфликти во регионот, и во граѓанската војна во Јемен, Иран ја поддржува шиитската заедница Хути, додека Саудиска Арабија е на страна на сунитската Влада. Саудиска Арабија воведе ембарго врз Јемен со цел да го спречи Иран да ги вооружува Хутите, но го обвини Иран дека сепак успеал да внесе балистички проектили со кои Хутите сега им се закануваат на саудиските градови.
Портпаролот на иранската мисија во Обединетите нации Алиреза Мирјусефи ги негираше тврдењата на амбасадорката Хејли.
- Американската Влада има своја агенда и постојано работи на тоа да ја измами јавноста. Целта на овие обвинувања е да се тргне вниманието на јавноста од разурнувачката војна која Саудиска Арабија ја води во Јемен, со поддршка на израелскиот режим, изјави тој.
Изјавата на Хејли доаѓа во време кога САД најавуваат повлекување од договорот со кој Иран се обврза да ја суспендира својата нуклеарна програма и да го запре развојот на балистичките ракети на осум години во замена за олеснување на економските санкции. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп зазема далеку поостар став кон Иран во споредба со администрацијата на Барак Обама, и упатува изрази на поддршка на Саудиска Арабија, другите сунитски арапски држави, и на Израел, во справувањето со иранските закани во регионот.
Ново на Сител
-
Избодени осум лица во Шведска, напаѓачот застрелан од полицијата
-
Нов силен земјотрес регистриран во Грција со јачина од 5,1 степен според Рихтер
-
Муцунски: Пописот треба да се одложи за период кога ќе се подобри епидемиолошката состојба
-
Издадена осмата еврообврзница од 700 милиони евра по досега најниска каматна стапка од 1,625 отсто
-
Мицкоски: Тоа што Заев користи што сум изолиран поради Ковид-19 не го спасува од паѓање на Владата
-
Граѓани од истокот измамени преку социјалните мрежи
-
Досега евидентирани 18.236 лица преку апликацијата за самопопишување
-
Пронајден хероин кај 50-годишен тетовец