Ружди на респиратор по операција, полицијата го уапси напаѓачот
Британскиот писател Салман Ружди, кој беше избоден неколку пати во вратот и стомакот од напаѓач на сцената за време на предавање во американската сојузна држава Њујорк, е опериран и сега е на респиратор, објави неговиот агент Ендрју Вајли.
Тој изјави дека Ружди не може да зборува и дека може да изгуби едно око.
„Салман веројатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се прекинати, а црниот дроб му е избоден и оштетен“, рече Вајли.
Њујоршката полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на познатиот писател, кој вчера беше нападнат додека се подготвувал да одржи предавање во западниот дел на Њујорк.
Матар, 24-годишен маж од Фервју, Њу Џерси, купил билет за да присуствува на настанот, соопшти полицијата. Новинар на АП видел човек како упаднал на сцената во Институтот Чаутаука и почнал да го удира и прободува Ружди додека го претставувале на почетокот на предавањето.
Водителот кој беше со него на сцената, Хенри Рис, се здобил со полесна повреда на главата и е пренесен во локалната болница. Напаѓачот бил совладан од присутните, по што го привела полицијата.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд