Руте: Алијансата е согласна дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп и високи членови на американската администрација во Вашингтон, изјави дека Русија останува долгорочна закана за Алијансата, пренесе ДПА.
- Сите се согласуваме во Алијансата дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО - за целата евроатлантска територија, изјави Руте по состанокот во Белата куќа.
Запрашан за можноста за мировен договор меѓу Русија и Украина, Руте рече дека сега „нешто е на маса“, додавајќи дека топката е очигледно на теренот на Русија.
Руте, пренесе ДПА, изрази увереност дека САД ќе продолжат да играат централна улога во напорите за завршување на војната.
- Не гледам ситуација каде што САД одат чекор понапред. Гледам ситуација каде што под водство на претседателот Трамп, ова би можело да се доведе до позитивен крај, а тоа е многу важно“, рече Руте.
Трамп пред два дена изјави дека е можно да се постигне договор со Русија, тврдејќи дека справувањето со украинскиот претседател Володимир Зеленски е „потешко“ отколку со рускиот претседател Владимир Путин, потсетува германската агенција.
Американскиот претседател побара Киев да го отстапи полуостровот Крим, окупиран од Русија, и да се откаже од својата кандидатура за идно членство во НАТО.
Лидерите на НАТО треба да се соберат на 24 и 25 јуни на самит во Хаг.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП