Рускоска: И сопственикот на „Беса транс“ возел еден од автобусите
Четири автобуси на „Беса транс“ тргнале од Турција, но тие ја минале границата со Бугарија во различен период бидејќи дел од патниците инсистирале да одат на шопинг, а токму ова е причината за тоа зошто конвојот се раздвоил. Обвинителката Вилма Рускоска во изјава за „Телма“ ги соопшти деталите кои на обвинителите за несреќата им ги открил сопственикот на „Беса транс“.
Таа вели дека и тој бил еден од возачите.
– Всушност сопственикот бил и како втор возач. Тој кажа дека овој автобус возел позади нив. Значи тие веќе биле стигнати на граничниот премин во Бугарија, по излегување од Турција, а овие биле еден или два автобуси позади нив. Тогаш ми кажа дека тој и сопругата биле во тој вториот автобус, додека пак во четвртиот биле неговите деца – истакна Рускоска.
Според неа, сопственикот бил видно вознемирен и потресен.
– Го прашав дали носеле резервни канти со гориво, вика дека нема шанси тоа да се случило – вели Рускоска.
Во катастрофалната автобуска несреќа во Бугарија што се случи на автопатот „Струма“ на 23 ноември загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија