Руско-македонскиот филм „Хармс“ селектиран за фестивалот во Шангај

Филмoт „Хармс“ во режија на Иван Болотников, копродукција на „Пролајн филм“ од Санкт Петербург и Мануфактура продукција од Скопје, е селектиран во главната натпреварувачка конкуренција на интернационалниот филмски фестивал во Шангај.
- Овој фестивал е од А категорија и е еден од шесте најзначајни во светот, како и најголем фестивал во источна Азија, заедно со Токискиот филмски фестивал. Во изработката на филмот учествуваа повеќе филмски работници од Македонија. Посебно значајна е улогата на копродуцентот Сашо Павловски, како и композиторот Сони Петровски, кој ја компонираше целата музика за овој филм. Ова е прва официјална копродукција помеѓу Македонија и Русија, со учество на Литванија како втор копродуцент, соопшти Мануфактура продукција.
Руската „Пролајн филм“ е најпозната како продукција која го произведе
култниот филм „Фауст“ на Александр Сокуров, кој во 2011 година освои Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
-

Скопје во новогодишно светло
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-

Точката за разрешување на Коцевски утре пред пратениците
-

Власта ја поднесе својата резолуција против мигрантите и лажните вести на опозицијата
-

Апелација ја одбила жалбата на Љупчо Пецов 10 дена пред адвокатот Стафа да земе пари за поткуп на судија
-

Вечерва ќе светне новогодишната елка и ќе биде отворен божиќниот маркет на плоштадот Македонија
-

Трезорот работи, а буџетот е во одлична кондиција, вели министерката за финансии
