Рускиот опозиционер Алексеј Навални одново е прогласен за виновен

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални и на повтореното судење во градот Киров, одново е прогласен за виновен, во случајот за проневера, јавуваат руските медиуми.
Судијата ја нема определено казната, но обвинителството побара Навални да биде казнет со пет години затвор, условно.
Каква и да биде неговата казна, тој не ќе може да учествува во изборите за претседател на Русија, предвидени за идната година, за кои претходно најави дека ќе се кандидира.
Овој процес, се одржа откако Европскиот суд за човекови права , пресуди дека во првото судење, Навали немал фер и чесно сослушување.
„Случајот Навални„ се провлекува неколку години и се однесува за времето кога има работено како советник кај гувернерот на Киров.
Осудениот опозиционер тврди дека целиот случај против него е „монтиран и политички мотивиран“.
Навални (40) е познат во руската јавност по неговата пресметка со домашната корупција, обвинувајќи за тоа високи функционери, блиски со Кремљ.
-Со одржувањето на овој случај сакаат само да ме држат надвор од политиката, изјавил Навални за странските медиуми.
Во политиката е влезен од 2008 година, кога со серија блогови почна да ги обвини компаниите кои се под државна контрола, дека се корумпирани и дека ја „хранат“ корупцијата во Русија.
Во 2013 година, тој учествуваше во изборите за градоначалник на Москва и успеа да освои една третина од гласовите.
Во својата пресметка со партијата на претседателот Владимир Путин- Обединета Русија- Навални вели дека таа е составена од „лажговци и крадци“.
Ново на Сител
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
-

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
