-->
-->
Руски генерал е тешко повреден при напад на екстремисти во Сирија
-->
Рускиот генерал-мајор Пјотр Милјухин е тешко повреден при екстремистички напад во Сирија, пишува рускиот весник „Комерсант“.
Милјухин ги изгубил двете нозе и едното око, кога минатиот месец екстремистите го разнеле неговиот автомобил со далечинска мина.
Генерал-мајорот е евакуиран во воената болница во Москва и сега е во стабилна состојба, се наведува денеска во весникот.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека во тој напад се убиени четворица војници, но не беше споменато за повредата на Милјухин.
Нападот се случил на 16 февруари, кога руската колона од воена автомобили патувала кон градот Хомс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лидерите на Кина и Русија разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Се стопира изградбата на објект во заштитената зона во Старата охридска чаршија
-
Хамнеи: Израел заслужено е казнет
-
Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица
-
Приведено 43-годишно лице кое возело со 2,06 промили алкохол во крвта
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина
-
Песков: Ситуацијата на Блискиот Исток е опасна за целиот свет
-
Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул