Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби

Заврши потрагата по рускиот државјанин Михаил Николаевич Шабуњин (30), осомничен за убиството на три лица во околината на Даниловград. Тој бил пронајден во шумски предел над населбата Топла во Херцег Нови, каде што, по вооружен инцидент со полицијата, си го одзел животот.
Црногорската полиција соопшти дека голем број полициски сили учествувале во акцијата за негово пронаоѓање. Во потрагата биле вклучени припадници на специјалните полициски единици, Регионалниот центар за безбедност „Југ“ и граничната полиција, а била користена и специјална опрема, како и хеликоптер на Војската на Црна Гора.
Околу 3:35 часот полицијата успеала да ја утврди неговата локација и да го опколи. Кога сфатил дека нема начин да избега, Шабуњин почнал да пука кон полициските службеници. Набрзо потоа, според официјалните информации, извршил самоубиство со огнено оружје.
Тој се сомничеше дека претходно извршил тројно убиство на стрелиштето „Чешка збојовка“ кај Даниловград. Жртви биле 24-годишниот Петар Глобаревиќ од Подгорица, 67-годишниот Момир Радоњиќ од Даниловград и 20-годишниот Немања Капор, исто така од Подгорица.
Во рамки на истрагата, полицијата пронашла автомобил „Seat Cordoba“ во близина на ресторанот „Стефан“, на подрачјето Врањске њиве. Се претпоставува дека осомничениот го користел возилото за да се оддалечи од местото каде што било извршено злосторството.
Поради опасноста дека вооружениот осомничен се наоѓа на слобода, властите во текот на ноќта ги предупредиле жителите да останат во своите домови.
Според информациите што ги објавија црногорските медиуми, Шабуњин по нападот зел автомобил кој му припаѓал на еден од убиените и со него се упатил кон Рогами, населба во близина на Подгорица. Потоа го оставил возилото и со такси продолжил кон Херцег Нови.
По завршувањето на полициската операција се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ, кој потврди дека осомничениот е пронајден и дека повеќе не претставува опасност.
Како што наведе тој, полициските сили успеале да ја лоцираат и изолираат активната закана, а при опколувањето Шабуњин пукал кон полицијата, по што самиот си го одзел животот.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
