Русија: Уништено е големо украинско складиште за муниција

Според руското Министерство за одбрана, на аеродромот Миргород во областа Полтава се уништени авион МиГ-29 и хеликоптер Ми-8 на воздухопловните сили на Украина и магацин со воздушно оружје.
Руските авијациски и ракетни трупи уништија и 85 украински воени објекти, како и 425 беспилотни летала, 228 повеќецевни ракетни фрлачи и 2.031 тенк од почетокот на воената операција, рече Конашенков, пренесе ТАС С.
Руските вооружени сили употребија ракети со висока прецизност од воздух за да го уништат украинското складиште за муниција во близина на Новомосковск, истакна рускиот воен претставник.
– Минатата ноќ ракети со висока прецизност со воздушно лансирање уништија големо складиште за муниција на Вооружените сили на Украина во близина на населбата Новомосковск во областа Дњепропетровск, нагласи Конашенков.
Според руското Министерство за одбрана, на аеродромот Миргород во областа Полтава се уништени авион МиГ-29 и хеликоптер Ми-8 на воздухопловните сили на Украина и магацин со воздушно-десантно оружје.
Руските авијациски и ракетни трупи уништија и 85 украински воени објекти, како и 425 беспилотни летала, 228 повеќецевни ракетни фрлачи и 2.031 тенк од почетокот на воената операција, додаде Конашенков.
Ново на Сител
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
