Русија повторно побара седница на Советот за безбедност на ОН за бомбардирањето на НАТО на Југославија
Првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, изјави дека Москва побарала состанок на Советот за безбедност на ОН за НАТО бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година, но дека руските дипломати сè уште го чекаат одговорот на претседавачот, јави дописникот на МИА од Белград.
Полјански рече дека Русија на 25 март испратила официјално писмо до јапонската мисија која претседава со Советот за безбедност на ОН, соопшти РТС.
– Писмото е испратено до сите членки на Советот за безбедност и чекаме официјален одговор, рече Полјански на седницата на Советот за безбедност на ОН, пренесува Тасс.
Во понеделникот, Советот за безбедност не расправаше за нападот на НАТО врз СРЈ во 1999 година, бидејќи за вклучување на таа тема во дневниот ред гласаа недоволно членови на тоа тело.
Во процедуралното гласање на дневниот ред за таа точка гласаа три членки на Советот за безбедност: Русија, Кина и Алжир, а останатите 12 беа воздржани: Франција, Велика Британија, САД, Еквадор, Гвајана, Јапонија, Малта, Мозамбик, Република Кореја, Сиера Леоне, Словенија и Швајцарија. За усвојување беа потребни девет гласа.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија