Русија подготвува најголема воена вежба од крајот на Студената војна

Русија ја подготвува најголемата воена вежба уште од времето на Студената војна, насловена „Запад 17“, а парадата на руските воени сили внимателно ќе биде следена од страна на НАТО алијансата, во атмосфера на зголемени тензии на релацијата Исток-Запад, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.
Западните претставници и аналитичари проценуваат дека во вежбите, кои следниот месец ќе бидат одржани во Белорусија, во областа Калињинград, како и на самата територија на Русија, можно е да учествуваат до 100.000 војници.
Претставниците на Москва, меѓутоа, тврдат дека бројот на учесниците во вежбите ќе биде значително помал.
Руските власти порачуваат дека воените вежби „Запад 17“ се планирани одамна и дека таков вид на воено вежби се реализира на секои четири години, па поради тоа тие не претставуваат никаква реакција на американските санкции.
Воените вежби „Запад 17“ ќе се одржат од 14 до 20 септември, а се случуваат во време на затегнати односи меѓу Русија и САД.
Од канцеларијата на НАТО во Брисел соопштија дека не планираат да рагираат на маневрите на руската војска со распоредување на дополнителни трупи долж руската граница.
Ново на Сител
-

Кина смета дека САД треба веднаш да го ослободат Мадуро
-

Лазаров: Мора да создадеме добар колектив, систем што ќе функционира
-

Кај двајца 17-годишници од Битола пронајдени 48 пакувања марихуана
-

До крајот на неделата променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

40-годишна жена со „мерцедес“ усмрти пешак во Волково
-

Швајцарската полиција идентификува уште 16 жртви од пожарот во Кран-Монтана
-

Приведени малолетници, превезувале мигранти од Египет
-

Над 16.000 сообраќајки и 27.000 лица со последици за четири години, „Безбеден град“ како решение за неодговорното возење
