-->
-->
Русија почна голема офанзива во сириските провинции Идлиб и Хомс
-->
Русија почна голема офанзива против џихадистичките групи во северозападната сириска провинција Идлиб и западната провинција Хомс, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Тој посочи дека почнаа нападите врз позиции на Исламска држава и Фронтот ал Нусра во провинциите Идлиб и Хомс. Во операцијата учествува бродот „Адмирал Григорович“ од кој се истрелуваат ракети, како и носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ од каде полетуваат авионите Су-33.
- Првпат во нашата поморска историја бродот „Адмирал Кузњецов“ учествува во борба, посочи Шојгу.
Сириската државна телевизија јави дека сириската воена авијација извршила напади врз терористичките позиции во стариот град на Алепо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата