Русија му забрани влез на Бајден
Русија забрани влез во земјата на 963 Американци, меѓу кои и претседателот, Џо Бајден.
Забраната се однесува и на државниот секретар Ентони Блинкен и на шефот на ЦИА Вилијам Барнс, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението на руското МНР се нагласува дека овој чекор е одговор на санкциите што САД постојано ги воведуваат кон Русија и предупреди дека непријателските дејствија ќе продолжат да добиваат соодветен одговор, пренесува РИА Новости.
„Русија не бара конфронтација и е отворена за искрен дијалог со взаемно почитување, одвојувајќи го американскиот народ, кој го почитува, од властите на САД, кои ја поттикнуваат русофобијата и оние кои им служат“, соопшти Министерството.
Забраната доаѓа откако Бајден денеска го потпиша пакетот помош за Украина од речиси 40 милијарди долари.
Ново на Сител
-
ОЈО Охрид оформи предмет за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението „Цар Борис Трети“
-
Се воведуваат мерки за заштеда на струја до 15 отсто
-
Путин: Ситуацијата во Украина покажува дека САД се обидуваат да го продолжат конфликтот
-
Во сообраќајна несреќа во Пакистан загинаа 20 луѓе
-
РФМ ќе ги награди кадетите со 700.000 илјади денари
-
Тешко повредена 23 годишна девојка откако во неа удрило „бмв“
-
Регистрирани се 590 нови лабораториски позитивни случаи на SARS-CoV-2
-
71 годишен маж од Битола излетал со своето возило надвор од коловозот