Русија ја нападна Украина со дронови и проектили

Русија во текот на ноќта повторно изврши воздушни напади врз Украина, јавија локалните медиуми рано изутринава.
Централниот украински град Кременчук во регионот Полтава наводно бил нападнат со десетици дронови и хиперсонични проектили „Кинжал“, соопшти Украинското воено воздухопловство. Во градот се слушнале експлозии, а жителите пријавиле прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Засега не се достапни официјални бројки за жртвите или степенот на штетата, а извештаите не можат независно да се потврдат, пренесе ДПА.
Претходно, во текот на ноќта кон саботата, друг голем руски воздушен напад ја погоди електричната мрежа на Украина, предизвикувајќи штета и итни прекини на струја во неколку региони.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ја обвини Москва за напад врз цивилната инфраструктура.
Институтот CSIS со седиште во САД процени дека во нападот биле употребени околу 653 дронови и 51 проектил и крстосувачки проектил, што веројатно го прави трет по големина воздушен напад во војната.
МИА
Ново на Сител
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
