-->
-->
Русија и помага на Кина да направи систем за предупредување од ракети
-->
Русија и помага на Кинa да направи систем за предупредување од ракетни напади, каков што моментално имаат само САД и Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
– Ние сега им помагаме на нашите кинески партнери да развијат систем за предупредување од ракетни напади. Ова е многу сериозна работа, која драматично ќе ги подобри одбранбените капацитети на Народна Република Кина, рече Путин на форум во Сочи.
Тој додаде и дека изгледа САД „најмалку неколку години“ работеле на развој на нова ракета, која потпаѓа под Договорот за нуклеарни сили со среден дострел, додека тој се уште бил во сила.
Путин на собирот говореше и за други теми, меѓу кои и ситуацијата во Персискиот Залив, Украина, Саудиска Арабија и Иран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по осми пат ќе биде домаќин на Фестивалот ‘Златни денови’
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители