Русија ги прифака пасошите што ги издаваат бунтовниците во Источна Украина

Официјална Москва соопшти дека Русија „привремено„ ги прифака пасошите и сите други личн документи за дентификација, што ги имаат издадено бунтовничките власти во Источна Украина, во самопрогласените републики Луканск и Донецк.
Руското Министерство за надворени работи соопшти дека станува збор за привремена мерка и дека е донесена од „ хуманитарни причини“.
Украинскиот претседател Петро Порошенко ја осуди одлуката на Русија да ги прифаќа документите на бунтовниците.
Ваквата одлука на руските власти доаѓа во време кога одново, после две години релативно примирје, изминатите недели, одново избувнаа сиудирите во сточниот дел на Украина.
Двете страни меѓусебно се обвинуваат за тоа кој е виновен за обновата на непријателствата, што предизвикаа нови жртви.
Политички и воени експерти на Западот сметаат дека Русија ги обнови судирањата во источна Украина, за да може рускиот претседател Валдимир Путин да ја тестира „искреноста во намерите„ на новиот американски претседател за подобрување на односите со Москва.
На меѓународната конференција за безбедност во Минхен, потпретседателот на САД Мајк Пенс соопшти дека новата американака администрација стои цврсто на страната на НАТО и ЕУ и ја посочи Москва одговорна за случувањата во источниот дел на Украина, инсистирајќи на неисполнетото ветување за повлекување на тешкото вооружување, што е предвидено со спогодбата од Минск.
Рускиот шеф на дипломатјата, Сергеј Лавров кој исто така учествува на минхенската конференција, соопшти дека од утре, ќе стапи во сила новото примирје и притоа објави дека Русија ке го повлече тешкото оружје.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
