Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња

Поранешниот светски рекет број 2 Каспер Руд оцени дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња, додавајќи оти српскиот тенисер би ги надминал легендата на НФЛ лигата Том Брејди и НБА кошаркарот Леброн Џејмс во повеќето физички тестови.
Ѓоковиќ е апсолутен рекордер со освоени 24 грен слем титули, а, исто така, помина рекордни 428 недели на првото место на АТП ранг-листата.
„Новак е најголемиот спортист во сите спортови во историјата, да – во историјата на спортот“, изјави Норвежанецот Руд во интервју за Overtime Tennis.
„Не сакам да споредувам бидејќи е глупаво, но сепак, ако го споредите атлетизмот на Новак со оној на Брејди, не ме сфаќајте погрешно, но мислам дека Новак би го оставил зад себе во повеќето физички тестови што можете да ги направите. А од друга страна, Леброн веројатно би го соборил Новак на одредени тестови, па не знам, но за мене Новак е најголемиот спортист што некогаш живеел“, додаде 26-годишниот Руд.
Ново на Сител
-

13-годишното дете избодено со нож и претепано со палки – лекарите се борат за неговиот живот
-

Јаневска до учениците: Учете вредно за да знаете, бидете пријатели со другите деца
-

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
-

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
