Романско МО: Русија на Твитер шири лажни вести за романска војска на границата со Молдавија
Романското Министерство за одбрана денеска предупреди дека Кремљ спроведува кампања на лажни вести со десетиците објави на социјалните мрежи во кои се тврди дека Букурешт собира војници и воена опрема на границата со Молдавија.
„Ги потсетуваме сите дека точноста на ваквите сензационални и панични информации најдобро може да се потврди со консултации со официјални извори“, соопшти романското министерство, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ).
Молдавија се наоѓа меѓу Романија и Украина, членка е на ЕУ и НАТО со која дели 1.200 километри долга граница. Русија држи повеќе од 1.000 војници во молдавскиот сепаратистички регион Придњестровје.
Русија деновиве излезе со лажно тврдење дека Украина планира инвазија на Придњестровје, предизвикувајќи сомнеж дека Москва бара изговор за анексија на сепаратистичкиот регион, како што направи со украинскиот Крим во 2014 година.
Молдавската претседателка Маја Санду и украинскиот претседател Володимир Зеленски предупредија дека Москва планира дестабилизирачки активности внатре во друга земја за да ја оправда инвазијата од Придњестровје што може Молдавија да ја претвори во лансирна рампа за руските напади врз Украина.
На верифициран профил на Твитер на 26 февруари беше објавена фотографија на која наводно се гледа како романската војска се движи кон границата со Молдавија.
„Романија распореди противвоздушни системи на молдавската граница. Романски тенкови и оклопни возила исто така се распоредени на границата“, беше објавено на Твитер страница, која тврди дека се наоѓа во Масачусетс, САД, и која известува за „геополитички и воени вести од целиот свет“.
Објавата во меѓувреме беше избришана, но беше споделена неколку стотици пати на Твитер. Некои корисници кои ја споделија објавата пишуваат дека романската армија веќе преминала во Молдавија.
Константин Спану, портпаролот на романското Министерство за одбрана, за РСЕ ги отфрли тврдењата на Твитер и рече дека нема промени во распоредувањето на романските сили и противвоздушните системи.
До Втората светска војна, поголемиот дел од Молдавија беше дел од Романија. Тоа беше пред Молдавија да биде окупирана од Советскиот Сојуз и да ја претвори земјата во советска република. Молдавија и Романија имаат заедничка историја, јазик и култура.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
