Романските власти предупредија дека е можно објекти да паднат од воздух поради руски напад врз Украина

Генералниот инспекторат за вонредни состојби на Романија ноќеска испрати предупредување преку системот Ро-Алерт (RO-ALERT) за северниот дел на округот Тулча поради војната во Украина, јави агенцијата Аџерпрес.
Министерството за национална одбрана соопшти дека поради нападот биле подигнати четири ловци.
Населението во северниот дел на округот Тулча беше предупредено за можно паѓање на објекти од воздух и им беше препорачано да преземат мерки за заштита за време на воздушен напад во траење од околу 90 минути.
Портпаролот на Генералниот инспекторат за вонредни состојби, Даниел Настасе, изјави за Аџерпрес дека за време на нападот не биле примени повици на итниот број 112.
Како што јави БТА, ноќеска Русија повторно ја нападна пристанишната инфраструктура во украинскиот Измаилски регион, кој се наоѓа на 15 километри од Романија. Локалната државна администрација соопшти на Фејсбук дека благодарение на навремената реакција на заканата биле спречени значителни оштетувања и човечки жртви.
Четири воени авиони ноќеска го надлетуваа националниот воздушен простор, откако радарските системи на Министерството за национална одбрана на Романија открија воздушен напад од Руската Федерација врз украинската пристанишна инфраструктура северно од романскиот округ Тулча, пренесе агенцијата Аџерпрес повикувајќи се на Министерството.
Два романски ловци Ф-16 полетаа од воздушната база Борча во јужниот округ Калараш, а од базата „Михаил Когалничану“ кај Констанца (Југоисточна Романија) беа подигнати два ловци „Eurofighter Typhoon“ на германските воздухопловни сили, информира Аџерпрес.
Во 5:00 часот беше испратен сигнал за прекин на воздушната закана и авионите се вратија во базите.
За време на мисијата не беше утврдено нарушување на романскиот воздушен простор, прецизира Министерството за национална одбрана.
МИА
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
