-->
-->
Романските полицајци ќе добијат поголеми плати
-->
Околу 80.000 припадници на романското Министерство за внатрешни работи ќе добијат зголемување на платите, објави денеска романскиот весникот „Котидианул“.
Според романскиот министер за внатрешни работ Кармен Дан, ваквата мерка ќе го чини Буџетот на Романија 13 милиони леи (2,85 милиони евра) месечно.
Околу 1.000 романски полицајци вчера протестираа во Букурешт со барања за повисоки плати.
Синдикалните лидери, кои се сретнаа со министерот Дан, по средбата, меѓутоа, изјавија дека не е постигнат никаков договор и дека било предложено од 1 април полицајците да добиваат само додаток на платите меѓу 100 и 300 леи (22 и 66 евра).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево