Романскиот омбудсман бара поништување на законот против корупција

Романскиот омбудсман Виктор Чорбеа денеска поднесе петиција до Уставниот суд, барајќи поништување на законот со кој на осудени лица им се забранува извршување на министерски функции.
Чорбеа, кој законот го смета за неуставен, изјави дека има „цврсти аргументи“ да бара негово поништување, додавајќи дека треба да се воспостави рамнотежа меѓу државните власти.
Омбудсманот го направил овој потег и покрај загриженоста дека новата романска Влада би можела да се обиде да ја забави борбата против корупција.
Петицијата би можела да му помогне на лидерот на Социјалдемократската партија, Ливиу Драгнеа, кој не можеше да стане премиер, бидејќи претходно е осуден за изборна измама.
Романскиот Парламент вчера ја одобри новата Влада предводена од премиерот Сорин Гриндеану.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
