Романија: Илјадници лица маршираа против абортусот

Илјадници лица, меѓу кои и православни свештеници, маршираа денеска во Букурешт и во останатите градови во земјата за да го изразат својот став против абортусот, како и да дадат поддршка за семејниот живот.
Членовите на групата која е против абортусот се собраа во паркот што се наоѓа во јужниот дел на Букурешт, а потоа започнаа со маршот.
Лицата извикувале „живот“ и носеле балони со испишани пораки како: „Секое дете е ангел кој доаѓа на овој свет" и „ Жените заслужуваат повеќе од абортус“.
Фондацијата „Провита“ тврди дека околу 210 абортуси се прават секојдневно во Романија, напоменувајќи дека абортусот е легален до 14 недела од бременоста.
Поранешниот комунистички „диктатор“ Николае Чаушеску ги забрани абортусите и контролата на раѓањето во 1968 година со цел да се обиде да го зголеми бројот на жители во Романија, а абортусот е повторно легализиран во 1990 година по симнувањето на Чаушеску од власт.
Ново на Сител
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
-

Гаши на потег, ДУИ и Вреди во нов судир за законот за правична застапеност
-

Уапсен 19-годишен Македонец осомничен за обид за убиство во Будва
-

Преглед на вестите од светот
