Романија и Бугарија од март влегуваат во Шенген по воздушен и морски пат

Австрија постигна договор со Бугарија и Романија за влез во Шенген зоната по воздушен пат, а двете земји ги исполнија австриските барања, соопшти австриското Министерство за надворешни работи.
Документот е испратен до земјата претседавач со ЕУ, Шпанија, а сега останува на претседателството и на Европската комисија да ја спроведат бугарската и романската апликација за влез во Шенген зоната, јави виенски Курир.
По разговорите за влез во Шенген по воздушен пат кон средината на декември, што ги одржаа министрите за внатрешни работи на трите земји, преговорите беа финализирани.
Австрија побара зголемување на мисиите на Фронтекс во Бугарија и Романија, распределба на финансиски средства од Европската комисија за стабилна заштита на надворешните граници на ЕУ во двете земји, како и построга контрола на копнените граници во Бугарија и Романија за барателите на азил, особено од Авганистан и Сирија, кои моментално се наоѓаат во Австрија.
Виенски „Курир“ објаснува дека воздушниот Шенген значи дека патниците од Романија и Бугарија повеќе нема да мора да поминуваат низ терминалите за трети земји на аеродромите.
Оваа одлука ќе стапи во сила во март 2024 година.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
