Робин Вилијамс бил смртно болен

Американскит актер Робин Вилијамс бил смртно болен и му останувале само уште три години живот, доколку не извршеше самоубиство, тврди неговата вдовица Сузан Вилијамс.
Во интервју за телевизиската компанија Еј-Би-Си, прво по смрта на актерот, во август минатата година, таа вели дека Робин „се распаѓал пред нејзините очи“ само неколку недели пред да си го одземе животот.
- Живеевме во вистински кошмар, изјави Сузан Вилијамс.
Кај популарниот актер и комичар била дијагностицирана Паркинсоновата болест, како и еден посебен облик на деменција, кој предизвикува формирање на посебни тела во мозочните клетки, што целосно ја натушуваат нормалната функција на мозокот.
- Ако имше среќа, Робин ќе можеше да поживее уште најмногу три години, објаснува неговата сопруга, откривајќи дека тешката и неизлечива болест го направила да страда од силна депресија.
Таа вели дека во еден момент актерот бил сосема свесен, но дека само пет минути потоа, не знаел што зборува.
Според сопругата Сузан, тој се справувал со болеста колку што можел, но дека последните триесетина дена веќе бил „целосно скршен“.
Робин Вилијамс изврши самоубиство на 63-годишна возраст.
Тој оствари голем број филмски улоги, а меѓу највпечатливите се сметаат улогите во филмовите „Добро утро Виетнам“ „Друштвото на мртвите поети„, „Добриот Вил Хантинг“, „Госпоѓа Даутфаер“...
Ново на Сител
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
-

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
