Роберт Маршан на 105 години на велосипед за еден час извози 22,5 км
Роберт Маршан човек на 105 години, постави нов брзински рекорд на националниот велодром во Сан Кантан ен Ивлин. Речиси неверојатно во неговата категорија тој извози за еден час 22,547 километри, јавува дописникот на МИА од Париз.
Пред три години Роберт Маршан, кога беше помлад - на 102 години, го надмина светскиот рекорд во брзина на велосипед во категоријата над 100 години. Стогодишнникот помина 26,927 километри во еден час.
"Не е исто така добро како пред две години, ако бев исто така добар како пред две години, тогаш јас би бил феномен. Но, јас не сум феномен ", изјави тој со насмевка.
Тајната на Роберт Маршан, според неговото кажување и совети: "Цел живот сум практикувал спорт", "многу овошје и зеленчук", "не премногу кафе", "Забрането пушење", "многу малку алкохол".
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти