Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори

Русија и САД наскоро ќе се договорат за датумите на третата рунда консултации за „иритантни прашања“ во билатералните односи, најави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.
-Мислам дека наскоро ќе одлучиме за датумите на третата рунда консултации, каде што ќе се разгледуваат овие чисто билатерални прашања, или иритантни прашања, како што веќе некое време се нарекуваат, рече Рјабков на прес-конференција.
Според него, „нема забавување на напредокот со САД во билатералните преговори, туку постои техничка пауза“.
Тој оцени дека администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, е многу контрадикторна во своите постапки и изјави, но дека Русија има за цел нормализација на односите со Вашингтон.
-Администрацијата на Трамп е многу контрадикторна во своите постапки и изјави, тоа не ја олеснува работата. Сепак, ние упорно и доследно го следиме курсот кон нормализација на нашите односи, рече тој, пренесува РИА Новости.
Рјабков наведе дека Москва ќе продолжи да врши притисок врз Вашингтон за прашањето за враќање на рускиот дипломатски имот.
-Овде исто така постои јасен недостиг на конструктивен одговор од американска страна. Ќе ги притискаме, рече тој.
Според него, американските закани со нови санкции против Русија „станаа вообичаени“.
-Ова е, се разбира, важен момент, но не и одлучувачки. Знаеме како да им се спротивставиме на санкциите, гледаме дека во последните години се развиени алатки и шеми кои ни овозможуваат во голема мера да задоволиме одредени потреби преку супституција на увозот, рече Рјабков.
Тој додаде дека Русија го покренала прашањето за обновување на воздушниот сообраќај со Вашингтон, но дека одговорот бил „минимален“.
-Тоа не значи дека ова прашање ќе го ставиме во втор план. Има одредени идеи како понатаму. Мислам дека, кога ќе одлучиме за датумите на следната рунда билатерални консултации за спорните прашања, ќе биде појасно што ќе ставиме на маса и по ова прашање, рече Рјабков.
Во Истанбул на 27 февруари и 10 април се одржаа разговори за нормализирање на условите за работа на руската и американската амбасада и начините за надминување на спорните прашања во односите меѓу двете земји.
Руската делегација на првата и втората рунда консултации ја предводеше актуелниот амбасадор во Вашингтон, Александар Дарчиев, а американската делегација заменик-помошничката државен секретар за европски и евроазиски прашања, Соната Колтер.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
