Ристовски: Владата во целост ќе ги покрие трошоците за достапност на ЕБСКО базата
Министерството за образование и наука во изминатите четири години во соработка со петте државни универзитети и НУБ „Св.Климент Охридски“ во Скопје, обезбедуваше бесплатен пристап до ЕБСКО, една од водечките светски научно-истражувачки бази, која постои повеќе од 70 години. Оваа можност ќе биде достапна и во академската 2016/2017 година, со тоа што, отсега Владата во целост ја презема обврската за котизација, односно за покривање на трошоците за достапност на ЕБСКО базата кои изнесуваат околу 75.000 долари на годишно ниво.
Ова денеска на прес-конференција го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој рече дека базата била многу користена од оние за кои е наменета.
Извештаите, посочи, покажуваат дека на годишно ниво има повеќе од 100.000 вклучувања, односно прегледи од корисници од Македонија, кои електронски го обезбедуваа потребниот материјал, податоци и информации за изработка на соодветно истражување, за изработка на соодветен проект или каков било труд во одредена област.
- И годинава петте државни универзитети, Универзитетот на Југоисточна Европа, Македонската академија на науките и уметностите и НУБ „Св.Климент Охридски“ повторно го имаат на располагање еден од најголемите светски агрегатори на современа меѓународна литература и списанија со висок фактор на влијание, рече Ристовски.
Упати апел оваа можност да продолжи да се користи и да се искористи, првенствено во ефектуирањето на личниот труд, а со тоа и да се придонесе кон развој на научно-истражувачката дејност во нашата земја и кон нејзиниот рејтинг во ова сфера на меѓународно ниво.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана