-->
-->
Рио 2016: Фелпс „доплива“ до 21.то олимписко злато
-->
Американскиот пливач Мајкл Фелпс со двете први места на ноќешните трки од пливачките натпревари на Игрите во Рио стигна до бројката од 21 златен медал. Фелпс триумфираше во трките на 200 метри пеперутка и беше дел од американската штафета 4 х 200 метри слободно. Во трката на 200 метри покрај Фелпс на подиумот се најодоа Масато Сакаи од Јапонија (сребро) и Тамаш Кендереши од Унгарија (бронза). Олимпискиот шампион од Лондон Чад Ле клос го освои 4.место. Во штафетата на САД покрај Фелпс до златниот медал допливаа уште: Двиер, Хас и Лохте. Среброто им припадна на пливачите од Велика Британија, а бронзата на Јапонците.
Доминацијата на американските пливачи ноќеска ја надополни и Катлин Ледецки, која победи во трката на 200 метри слободно. Сара Сјостром од Шведска го освои второто место,а трета заврши Ема Мек Кеон од Австралија.
Третиот златен медал на Игрите во Рио го освои Унгарката Катинка Хосу, воедно сега има шанси да биде најуспешна на Игрите. Среброто го освои Британката Сибон О‘Конор е сребрена, а бронзата и припадна на Медлин Дирадо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница