-->
-->
Рио 2016: Чалмерс олимписки шампион на „стотка“
-->

18 - годишниот пливач од Австралија Кајл Чалмерс го освои златниот медал во трката на 100 метри слободно на Олимписките игри во Рио. Тој имаше најдобро време – 47.58 секунди, додека место на пиедесталот изборија уште Питер Тимерс од Белгија (47.80 секунди) и Натан Адриан од САД (47.85 секунди).
Американката Кети Ледецки го освои своето трето злато во Рио како дел од штафетата на САД во трката на 4 х 200 метри слободно. Таа заедно со Алисон Шмит, Леа Смит и Маја Дирадо имаа време 7:43.03 минути. Второто место го освои штафетата на Австралија, а трета беше Канада. Ова за Ледецки е вкупно четврти златен медал од Игрите во кариерата. Еден освои и на Игрите во лондон (800 метри слободно).
Дмитри Баландин од Казахстан беше најбрз во трката на 200 метри градно и го освои златниот медал прв за неговата држава во пливање на Олимписки игри. Тој победи пред Џош Прено од САД и Антон Чупков од Шпанија.
Мириеа Белмонте Гарсија од Шпанија среброто од Лондон го „претвори“ во златото во дисциплината 200 метри пеперутка. Сребрениот медал и припадна на Медлин Грувс од Австралија, додека бронзата ја освои Нацуми Хоши од Јапонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
-

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
-

Северна Кореја испука балистичка ракета
-

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
