-->
-->
Рики Мартин посети сириски бегалци во Либан
-->
Светски познатиот пејач Рики Мартин, кој е и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, вчера посети камп на сириски бегалци во Либан, каде што се сретна со сириски деца, соопштија американските медиуми.
Тој изјави дека зборот „бегалец" се обезвреднил деновиве, но светската заедница треба да ги отвори срцата за овие луѓе.
Порториканецот, чија добротворна активност е насочена против детскиот труд и трговијата со луѓе, рече дека бил длабоко потресен од средбата со едно од децата во кампот во долината Бека: Единаесетгодишната Батул, која по 12 часа на ден работи земјоделството, ја плаќаат со вода.
- Ова се случува со нашите деца, тоа се случува со нашето следно поколение, истакна пејачот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија