Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

Иранската армија ќе ги води преговорите со САД, изјави портпаролот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ибрахим Резаи.
„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“.
Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран. „Во оваа битка, Америка треба да се предаде и да го признае поразот. Овојпат Трамп ќе биде понижен, и тоа целосно“, истакна Резаи.
Вашингтон претходно соопшти за продуктивни разговори со Иран. Иранското Министерство за надворешни работи негира дијалог, но посочи дека Техеран примил пораки преку посредници со изразена желба на Вашингтон да се започне дијалог за завршување на конфликтот.
Според информации објавени во медиумите, САД предложиле план од 15 точки, но Иран сè уште не ги има потврдено таквите информации.
МИА
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
