Решение за уште 1.900 стечајци

Нови 1.900 лица ќе бидат опфатени со измените и дополнувањата на законот за стечајци што на денешната седница ги усвои Владата, односно тие ќе имаат можност да добиваат паричен надомест од државата до нивното пензионирање.
Со усвоените измени се олеснуваат потребните услови утврдени со постојниот закон, кои се однесуваат на стекнување на правото на материјално обезбедување доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со доминантна сопственост на државата се приватизирало.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера на прес-конференција појасни дека ова е под услов единствениот матичен број на субјектот да не е променет од моментот на засновањето на работниот однос во тоа претпријатие, до неговиот престанок.
Заради поголема флексибилност и овозможување поголем дел од стечајните работници да ги исполнат условите се менува и делот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице (најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи). Сега таа се исполнува не од моментот на стапување во сила на постојниот закон, туку во моментот на поднесување на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување.
Таканаречениот закон за стечајни работници, Владата го донесе во септември 2017 година. Согласно законот, досега се издадени решенија на 2.732 стечајни работници, а согласно денеска усвоените измени како што информира министерката дополнителни 1.900 лица.
Ново на Сител
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
-

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
-

Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар: Реафирмирана поддршката за координираните напори на САД и Израел во однос на Иран
