Рели „Калин Камен“ 2017 ќе се одржи на 24 мај

Спортската рели-манифестација која се вози под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските планини“ - Рели „Калин Камен“ и годинава ќе се одржи во чест на Денот на словенските просветители, Св. Кирил и Методиј, на 24 мај.
Ревијалната караванска трка низ прекрасните пејзажни предели на Осоговието ќе стартува од градскиот плоштад во Крива Паланка, а ќе финишира кај манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“. Настанот е во организација на Авто-мото клуб „Офф-роад Осогово“, под покровителство на локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Организаторите упатија покана до сите љубители на природата и авантурата да им се придружат.
- Може да се пријави секој кој поседува офф-роад возило 4 х 4, АТВ и УТВ возила, возила со поголема проодност, како и моторциклисти. Сите кои сакаат да се придружат на релито со најдолг стаж во државата можат да ни се обратат во претстојните денови, а котизацијата изнесува 600 денари за возило. И годинава очекуваме голем број учесници, бидејќи манифестацијата од година во година е се по масовна, изјави Оливер Стевановски од „Офф-роад Осогово“, Крива Паланка.
Како што посочи годинава по деветти пат ќе се вози по теренски патишта, во вкупна должина од 64 километри низ Осогово. На највисоката кота, Царев врв, 2.085 метри надморска височина е предвидена средба со рели-учесниците од соседните општини, Кочани и Македонска Каменица.
Учесниците може да се пријават најдоцна до 20 мај, во просториите на општина Крива Паланка.
Ново на Сител
-

Уапсен 89-годшниот кој претпладнево со огнено оружје повреди пет лица во Службата за социјално осигурување и во суд во Атина
-

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова
-

Оштетени станари во Гостивар, фирма без лиценца им наплатила 208.500 денари за реновирање на зградата
-

Приведени 10 возачи, седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол
-

Либертис: Слободата на медиумите низ ЕУ е под постојан напад
-

Гроси: Ризикот од нуклеарна катастрофа на нивоата од Студената војна
-

Зеленски: Подготвуваме пакет санкции против актерите вклучени во извозот на украдено жито
-

Тошковски: Врсничкото насилство во Ѓорче сериозно се истражува, 14 лица повикани на разговор
