Рекордна казна од ЕУ за „Гугл“од 2,42 милијарди евра

Европската унија го казни Гугл со 2,42 милијарди евра поради искористување на доминантната положба на пазарот.
Компанијата е казнета поради фаворизирање на својата веб-трговија во резултатите при пребарување.
Од Брисел порачуваат дека најпопуларниот интернет пребарувач сега има 90 дена да престане со таква антипазарна пракса. Во спротивно, ќе се соочи со нови казни.
Одлуката е донесена по седум години долга истрага, а земени се предвид приговори од конкуренти на „Гугл“ - „Јелп“ и „ТрипАдвајзор“.
ЕК смета дека „Гугл“ ја искористил својата доминантна позиција на пазарот на пребарување на интернет за да ја промовира своја нова услуга. Со споредување на производи преку „Гугл“ пребарувачот корисниците се наведуваат на купување на услуги на „Гугл“, што се смета за нелојална конкуренција и кршење на антимонополски правила во ЕУ.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, еврокомесарката за политиката на конкуренција Маргарет Вестагер истакна дека „Гугл“ излезе со „многу иновативни производи и услуги кои направија разлика во нашите животи“, но, според неа, стратегијата на компанијата за пребарување „не е само за привлекување клиенти со тоа што го прави својот производ подобар од оние на своите ривали“, туку и дека ја злоупотребил својата доминација на пазарот како пребарувач преку промовирање на сопствената услуга за споредување во резултатите од пребарувањето и демотивирање на конкурентите.
- Она што го направи „Гугл“ е нелегално според антимонополските правила на ЕУ. Тој ја отфрли шансата на другите компании да се натпреваруваат според заслугите и да иновираат. И што е најважно, тоа ги негира европските потрошувачи за тие да направат вистински избор на услугите и целосните придобивки од иновацијата, изјави еврокомесарката Вестагер.
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
