Реконструкција и доградба на Домот на културата во Секирник

Домот на културата во населеното место Секирник во општина Босилово наесен треба да почне да се реконструира и доградува, во рамки на проектот за прекугранична соработка меѓу Босилово и општината Грмен во Бугарија.
Проектот чини 412 илјади евра, од нив за Босилово се 229 илјади евра, појасни градоначалникот на Босилово, Љупчо Колев, додавајќи дека ги очекува заклучоците на координативното тело кои оваа недела направиле увид на објектот.
- Неделава имавме контрола од координативното тело, чие седиште е во Ќустендил, каде што има членови од самиот орган, од бугарското Министерство за развој и прекугранична соработка и од нашето Министерство за локална смаоуправа. Направија увид и ние сме задоволни. Очекуваме целосно да бидат исплатени средствата дадени со нашата пресметка. Следна фаза по контролите е потпишување договор меѓу општината и коородинативното тело. Потоа следуваат тендери кои ги спроведуваме по европски стандарди и очекувам дека наесен ќе почнеме со реалзиација, изјави Колев.
По реконструкцијата на овој објект во Секирник, општината планира да му го отстапи на културно-уметничкото друштво „Русалии“ кое ја негува вековната традиција и култура на поднебјето.
- Проектот се финансира преку оската за култура и зачувување на традиции од ИПА-програмата. Кога ќе биде готов, ќе му го дадеме на КУД „Русалии“ кое е само едно од четирите културно-уметнички друштва во нашата општина на што сме посебно горди. Сметам дека тоа е најдобриот начин да се раководи со него, а очекуваме и поттик за некоја нова манифестација, како што се Русалиските средби по кои сме препознатливи. Ние правиме се за да ги охрабриме луѓето да бидат иницијативни. Формиравме и школа за ткаење на разбој во ова населено место. Нашите тенденции се овие локални традиции да ги сочуваме за добробит на сите, на македоснкиот народ, особено во ова време на глобални процеси, рече Колев.
Босилово е една од 13 општини од Македонија кои добиле грант од првиот повик од Програмата за прекугранична соработка.
Истовремено, оваа недела во Секирниик ќе почне и изградба на една улица преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот разво,ј за што градоначалникот информираше дека договорот со изведувачот бил веќе потпишан.
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
