Регионална конференција на телата за контрола на јавните набавки

Содржината на јавните набавки, кои претставуваат точка на соединување меѓу јавниот и приватниот интерес, треба да се обезбеди водејќи се од принципот „Најдобра вредност за парите“.
Претставниците на јавниот сектор, односно договорните органи со нивното транспарентно работење во јавните набавки би требало да бидат гаранција за правната сигурност на заинтересираните партнери од приватниот сектор.
Тоа денеска го порача вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски пред учесниците на Регионалната конференција што во организација на Државната комисија за жалби по јавни набавки од денеска се одржува во Охрид.
- Свесни сме дека јавните набавки се ценат како можност за коруптивни дејности и не бегајќи од таквите проценки, врз основа на досегашното искуство настојуваме со нашата работа, а и со помош на другите државни институции, да го намалиме процентот на коруптивни елементи во процесот на јавните набавки кои се најголемата закана за секој правен систем. Транспаретноста, отчетноста и ефикасна примена на владеење на правото се нашите цели на патот кон Европската унија, истакна Пешевски на отворањето на конференцијата.
Вице-премиерот уште нагласи дека Државната комисија за жалби по јавни набавки како независно контролно тело во системот на јавни набавки зад себе има повеќе од осум години работа и напорно работи на подобрување на системот на јавни набавки во Македонија.
- Со својата транспарентна и квалитетна работа пред се ги штити интересите на приватниот сектори на тој начин придонесува во развојот на целокупниот систем, додаде тој.
На дводневната Регионална конференција учествуваат педесеттина претставнции на телата за контрола на државните институции од државите аспиранти за членство во Европската унија.
Маја Малахова, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки, истакна дека средбата во Охрид ќе биде добра можност за дискусија и размена на искуства, како за теоретско, така и за практично функционирање на правната заштита во областа на јавните набавки, во државите аспиранти како и на земјите членки на ЕУ.
Зборувајќи за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, Малахова пред учесниците на собирот во Охрид истакна дека од нејзното формирање во 2008 година до денес таа бележи успеси, од намалување на времетраење на постапката за постапување по жалбите, активно учество во подготвување на измени и дополнувања на Законот за јавни набавки, активно учество во обука и стручно усовршување на инволвираните страни во постапките за доделување договори за јавни набавки, до зголемување на бројот на вранотени во службата и нивно стручно оспособување.
Конференцијата во Охрид се одржува во рамки на програмата „Сигма“ што се имплементира под заедничко покровителство на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Европската унија.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
